[Галерија] Најдобрите слики со дрон за 2017

„Dronestagram“ е заедница која собира фотографи од целиот свет на лица заљубени во фотографирањето со беспилотни летала (дронови) кои овде можат да ја споделат својата страст. Убавината на фотографирањето со дронови е тоа што овозможува да видиме нешто што е многу невообичаено за човечкото око, да истражува од различни агли и перспективи од големи височини. Секоја година заедницата на Dronestagram одржува натпревар од најдобрите фотографии направени со дрон. Погледнете дел од најдобрите дрон-фотографии за 2017 година.