[Галерија] Најдобрите илустрации за 2016 година

Секоја година, најдобрите илустратори на светот ги пријавуваат своите трудови на Светските награди за најдобри илустрации. Дела од различни жанрови и категории, од едиторијали до детски книги, се избираат и оценуваат од Асоцијацијата на илустратори на Обединетото Кралство и Директоријатот на илустратори во Калифорнија.

Голем дел од овогодинешните добитници на награди се инспирирани од поп надреализмот, минимализмот и оптичката уметност, користејќи ги овие стилистички структури за да комуницираат наративи или чувства на иновативни начини.

Добитници на главните награди во категоријата Нов талент и категоријата Професионалец, се илустраторот од Сан Франциско Џимин Ким, и сеулскиот уетник Џунго Ли.