[Галерија] Најдобрите фотографии направени со Ајфон за 2017 година

Неодамна беа објавени победниците на Натпреварот за фотографии направени со Ајфон за 2017 година. Целта на натпреварот е да покаже дека камерата на телефонот е повеќе од доволна за да се „уловат“ прекрасни фотографии, но и да се овековечи момент во ситуации кога нема фотоапрат при рака.

Фотографиите за натпреварот биле пријавени од илјадници корисници на Ајфон од повеќе од 140 земји, во различни категории како Портрети, Апстракни фотографии и Мртва природа.

Оваа година, главната награда ја доби Себастиано Томада од Бруклин, Њујорк. Победничката фотографија е направена со Ајфон 6с, а е насловена „Деца шетаат по улиците на Кијара близу до огнот и чадот кој излегува од базени со нафта, запалени од милитантите на ИСИС“.

За фотографка на годината е прогласена Бранда О Се од Корк, Ирска, за нејзината фотографија од раце на морнар.