[Галерија] На терен со италијанските спасувачи после земјотресот

Земјотресот кој го погоди центарот на Италија во средата досега одзеде 241 жртва, а 264 лица се повредени. Спасувачките операции во и околу Аматриче се уште траат.

На една од мисиите присуствувал и новинарот на Vice, Алесандро Јовино, документирајќи ги обидите на полицајците, пожарникарите, војниците и единиците на Граѓанската заштита да пронајдат и спасат погодени од земјотресот.