[Галерија] Музички фестивали и нивните уникатни локации

Од ливадите на Смолјанска планина во Бугарија, до плажата Кармен во Мексико, во продолжение е претставена листата на најуникатни локации на музички фестивали според Mixmag. Овие локации изобилуваат со природа, иако патот до некои од нив е тежок за минување.

Meadows In The Mountains

Место кое побудува смиреност сместено во Родопските планини, во близина на едно мало село наречено Полковник Серафимово, кое се наоѓа во близина на границата меѓу Бугарија и Грција. Патувајќи кон ова место, се минува низ планини и неколку постсоветски напуштени градови. Само најупорните успеваат да стигнат до ова место. Оние кои го посетуваат овој фестивал, сведочат на неверојатното изгрејсонце.

Day Zero

Овој фестивал се одржува во срцето на мексиканската џунгла на плажата Кармен, на површина инспирирана од Маите која никогаш не е отворена за јавноста. Составена е од три храма на Маите, два подземни извори, бројни базени и мноштво други згради инспирирани од културата на Маите. Во 2012 година, била одржана 24-часовна забава со цел да се одбележи нова ера на човештвото, бидејќи според Маите, крајот на светот требаше да се случи во 2012 година. Иако тоа не се случи, фестивалот продолжи да се случува на оваа локација.

The Labyrinth

Сместен покрај езеро на само неколку часа од Токио, фестивалот е инспириран од забавата „Гоа транс“ од 90-тите. Сепак, од неговото основање, фестивалот напреднуваше и денеска претставува предизвик за секој техно ентузијаст. Има само еден стејџ и огромен шатор во индиски стил, бидејќи организаторите веруваат во заедничкото искуство на сите посетители.

Snowbombing

Фестивалот кој постои веќе 15 години во Австралија, може да се пофали со една недела посета на 50 базени и сауни, поглед на алпските врвови, борови шуми, и ноќни клубови изградени од снег.

Barrakud

Barrakud е една од најдобрите локации на фестивали во светот. Посетителите треба да го поминат Корфу за да можат да присуствуваат на деветдневната програма на фестивалот во која забавите траат до 10 часот наутро. Местото изобилува со прекрасни плажи, базени со панорамски погледи и забави на брод. Оваа година ќе биде вторпат како се одржува овој фестивал.

Into The Valley

Овој шведски фестивал, за првпат се одржува оваа година. Местото наречено Dalhalla, претставува напуштен каменолом, во близина на градот Rättvik. Локацијата претставува природен амфитеатар кој обично се користи за опери, но таму настапувале и Kraftwerk, Arcade Fire и Sigur Rós.

Gottwood

Ова претставува независен велшки фестивал кој се одржува во шумите долж брегот. Локацијата е отсечена со езерото и се наоѓа на приватен имот во Angleseyu. Фестивалот се одржува без спонзорства што не е случај со останатите фестивали во Британија. Посетителите имаат можност да се забавуваат на седум внатрешни и надворешни стејџови, додека изгрејсонцето и зајдисонцето го прават овој фестивал уникатен. Капацитетот на манифестацијата е околу 5 илјади посетители, а нвентарот е направен од материјали од шумата.