[Галерија] Каква #веловизија имаат граѓаните за Скопје

Безбедност, функционалност, паркинг, патеки, ленти, континуираност, слеани рабници, предност – се само дел од визиите кои граѓаните ги имаат за Скопје. Под хаштагот #веловизија тие јавно ја споделуваат својата замисла за Скопје како вело град.

Граѓанската иницијатива НаТочак ги повика граѓаните да дадат свои идеи за креирање на една заедничка визија која во иднина ќе го обликува градот. Оваа акција доаѓа непосредно пред новата, 63-та Критична маса, која треба да се одржи утре (среда) со почеток во 19 часот од Плоштад Македонија.

Во продолжение, Радио МОФ ви пренесува дел од визиите на граѓаните.