[Галерија] Извиднички еко камп во Свети Николе

Сојузот на извидници на Македонија викедов го организираше извиднички еко камп во светиниколското село Орел, како дел од програмата за зачувување на животната средина. На него учествуваа млади од Источна Македонија, кои ги учеа основите на извидништвото, како кревање камп и пионерство, односно градење со помош на дрво и коноп.

Некои од изградените реквизити, како кантата за селектирање отпад и стражарницата, ќе останат да им служат на младите во селото Орел. Новите извидници исто така имаа и практично предавање во природа од  Истражувачкото друштво студенти биолози, за техниките за изучување и заштита на биодиверзитетот на брегалничкиот слив.

„Целта на овој камп беше засадување на семето, односно да го пренесеме знаењето на младите за изучување и зачувување на биодиверзитетот на брегалничкиот слив, кое понатаму ќе прерасне во локални платформи за одржлива заштита на природата кои ќе продолжат да бидат иницијатори и водачи во своите локални заедници за идни акции за зачувување на животната средина“, велат од Сојузот на извидници на Македонија.

izvidnicki-eko-kamp-18

izvidnicki-eko-kamp-17

izvidnicki-eko-kamp-13

izvidnicki-eko-kamp-12

izvidnicki-eko-kamp-5

izvidnicki-eko-kamp-20