[Галерија] Изумрените животински видови како „винтиџ“ постери

Додека патувал низ Нов Зеланд, Мет Линдли, лондонски маркетинг агент, научил за моа птицата, која била ендемски вид на островот се додека не исчезнала во 1300-та година.

Оттаму ја добил идејата за серијалот Unknown Tourism, постери во чест на изумрените диви животински видови во „винтиџ“ стил, инспирирани од рекламите за авионските компании од 30-тите.

Проектот, спроведен од веб страницата за патувања Expedia UK, а илустриран од Џон Бармби, вклучува разни животни, како додо птицата, моа птицата и џиновскиот змијогуштер од Јамајка.