[Галерија] Индискиот Banksy позади своите графити

Фотографии од графитите на уметникот познат како Guesswho (во превод Погоди кој) почнаа да го привлекуваат вниманието на разни веб-страници, Facebook и Reddit. Тој црта по ѕидови на згради во градот Кочи кој се наоѓа во југозападната индиска држава Керала.

Кочи е центарот на едно уметничко биенале, а графитите на Guesswho привлекоа големо внимание. Матриците се мешавина на западната култура со индиски обележја, а стилот на уметникот (или уметниците) е очигледно под влијание на британскиот уличен уметник, Banksy.

Во интервју за BBC, Guesswho, не го откри својот идентитет, но кажа дека не верува оти целта на уметноста е да се испрати порака. Како што вели, неговата уметност преставува алтернативен начин да се користи визуелен јазик кој за луѓето во таа средина не е позната. Но, истовремено, луѓето можат да комуницираат и да се поврзат со таа слика или предмет додека се суптилни политички. Исто така, тој сака да ја потенцира потребата од јавни простори како моќен начин на искажување на социјалната реалност.

Досега уметникот немал проблеми со властите бидејќи неговите графити не биле премногу провокативни и експлицитни, но одредени графити му биле покриени со вар.

Кога станува збор за тоа дали цртањето графити е вандализам, тој вели дека улиците и ѕидовите се исполнети со постери за филмови, реклами, изборни пропаганди и известувања. Зошто тие не би се нарекле вандализам и противзаконски.

Според него, идентитетот не е важен, туку причините позади него кои треба да се почитуваат.

Тој открива дека би било доста интересно да се видат графити како неговите во традиционална изложба, сепак не се гледа себеси на Запад.