[Галерија] Хирошима после падот на атомската бомба и денес

Претседателот на САД, Барак Обама, моментално се наоѓа во Хирошима во Јапонија. Со посетата на градот кој бил бомбардиран со атомска бомба во Втората светска војна, тој стана првиот актуелен претседател на САД кој го посетил местото на првата употреба на атомско оружје.

Со говор во градскиот Меморијален парк на мирот, Обама ги охрабрил слушателите да најдат „сила внатре во себе и да го замислат моментот кога бомбата паднала“, и да го слушнат „тивкиот плач“ на сите оние кои починале во експлозијата, пренесува Mashable.

Фотографот на Getty Images, Жан Чунг ги пронашол и посетил локациите на архивските фотографии од јапонскиот весник Асахи Шимбун, за да покаже како градот повторно се изградил и продолжил понатаму, повеќе од 70 години после нападот.