[Галерија] Граѓаните по третпат го гушнаа ГТЦ

Синоќа по третпат скопјани симболично го гушнаа Градскиот трговски центар со што уште еднаш побараа да се зачувува автентичниот изглед на објектот.

Со гушкањето на ГТЦ заврши и кампањата на иницијативата „Го сакам ГТЦ“, чија цел беше да ги информира и поттикне граѓаните на општина Центар да излезат на референдумот во недела, на кој ќе одлучуваат дали овој објект треба да го задржи сегашниот лик.

Низ објективот на фотографот Ванчо Џамбаски, погледнете дел од синоќешната атмосфера пред ГТЦ.