[Галерија] Граѓаните од Тафталиџе се собраа на паркот на „Букурешка“

Голем број граѓани попладнево се собраа на дружење во парчето на улицата „Букурешка“, за да побараат да запре изградбата на зграда која ќе уништи дел од зеленилото.

„Во ова паркче, на овие лулашки ја израснав мојата ќерка, израснаа и многу други дечиња, синови, ќерки. Зар да дозволиме и тоа мало парче зеленило што е околу нас да се уништи“, коментира жителка од населбата.

Поддршка за жителите на Тафталиџе стигна од слични иницитиви од Карпош 4 и Аеродром. Дел од жителите на населбата најавија дека подоцна ќе се придружат на протестот од Шарената револуција кој во моментов се одвива пред СЈО.

Почнува протестот пред СЈО

Од Општината се децидни дека донесената маркица за градба на една станбена зграда не може да биде повлечена, а таа додаваат, е утврдена со Детален урбанистички план за Тафталиџе во 2003 година.

Погледнете ја галеријата од протестната „маалска дружба“.