[Галерија] Графити инспирирани од револуцијата го менуваат изгледот на Киев

Две години после протестите кои ја симнаа украинската влада, огромни мурали почнаа да се појавуваат низ главниот град. Некои од нив се направени од светски познати улични уметници, а некои од политички инспирирани локални жители.

Мурал на францускиот уметник Сет Глоубпејнтер, на тивка улица во близина на Плоштадот на независноста, каде се случуваа најголемите протести во зимските месеци в0 2013-2014.

Портрет на Сергеј Нигојан, првата жртва на полициска бруталност на протестот на 20 јануари 2014.

Портрет на украинската гимнастичарка Хана Ризатдинова, по потекло од Крим. Сега живее во Киев.

Мурал кој „прогласува“ мир во Украина, во централен Киев.

„Девојчето што пее“ на Саша Корбан. Украинскиот уметник, кој претходно работел како рудар на јаглен, побегнал од војната во Донецк, град на фронтот на проруската армија и украинската државна војска.

Мурал на грчкиот уметник ИНО. Оваа слика висока 50 метри прикажува балерина која танцува на бомба. Експлозијата на улична уметност во градот е делумно резултат на младите локалци, како Социјалниот клуб за мурали Уметноста не обединува, кои договараат интернационални уметници да дојдат во Киев и да остават свој белег во градот.

„Момина солза“ на австралискиот уметник Гвидо ван Хелтен. Станува збор за протрет на украинската поетеса од 19-тиот век, позната под псевдонимот Лесја Украинка, една од најпознатите писатели во Украина воопшто и најзначајна жена-писателка во украинската литература.

„Слобода“ од украинскиот уметник Алекс Максиов, кој специјализира во тродимензионални улични слики.

Девојка облечена во украинска народна носија, мурал на Ван Хелтен.

Незавршено дело на Корбан во северното предградие на градот.