[Галерија] Фотограф ги менува улогите во старите сексистички реклами

Сликата за совршена жена во 50-тите e позната за многумина – понизна жена, која му слугува на домот, подготвува вкусни јадења за нејзиниот вреден сопруг, се грижи за децата… Оваа слика се рефлектираше и во голем дел од рекламите во тоа време. Инспириран од нив, фотографот од Бејрут, Ели Резкалах создаде серија наречена „Во паралелен универзум“, каде што ги смени родовите улоги.

„Минатиот Ден на благодарноста го слушав говорот на мојот чичко за тоа како жените се подобри за готвење, да се грижат за кујната и да ги исполнуваат своите должности”, пишува Резкалах на својата веб-страница.

„Иако знам дека сите мажи не се како моите чичковци и не мислат на тој начин, бев изненаден кога дознав дека некои се уште го прават тоа, па продолжив да замислувам паралелен универзум, каде што улогите се превртени, а на мажите им е дадено да го вкусат својот сексистички отров “.