[Галерија] Флеш моб за младинско организирање во центарот на Скопје

Со флеш моб за младинското организирање, вчера во центарот на Скопје, членови на Националниот младински совет на Македонија, го привлекоа вниманието на случајните минувачи кон младите. На креативен начин тие се обидоа да ја симболизираат потребата од меѓусебна поддршка и соработка на младите за остварување на нивните потреби.

Флеш мобот е дел од проектот Национално младинско организирање, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, и го означува почетокот на кампањата за поттикнување на младите за членување во организации. Еве дел од она што вчера се случуваше во центарот на Скопје:

1

2

3

4

5

6

7