[Галерија+Видео] Средношколците маршираат низ Скопје

„Доста беше молк“, „Екстерно за Владата“, „Нема правда нема мир“, извикуваат средношколците кои излегоа на денешниот протестен марш во Скопје.  Од Градскиот парк во Скопје, кон Владата и Министерството за образование и наука е рутата на маршот, прв од почетокот на оваа учебна година.

Средношколците маршираат за подобро образование, бараат укинување на екстерното тестирање, како и задржување на стариот концепт на полагање државна матура, односно вклучување на Средношколскиот пленум во евентуално изготвување нов модел.

Средношколски пленум, пред маршот кој беше најавен минатата седмица, јавува за големи притисоци од страна на директорите во училиштата кон учениците кои сакале да излезат на денешниот протест. Поддржка за средношколците дадоа и повеќе јавни личности

[Видео] Поддршка за средношколскиот марш од јавни личности

Галеријата од маршот кој во моментов се случува низ Скопје погледнете ја во продолжение:

12170736_677662935667315_186518847_n