[Галерија] Четврти ден протести на скопските улици – „Нема да си одиме“

И попладнево и вечерва, илјадници граѓани се на улиците на Скопје за да го изразат револтот од владиното прикривање на убиството на Мартин Нешковски, кое беше резултат на полициската бруталност, како и од неподнесувањето одговорност во власта за бруталното убиство на младиот Нешковски во 2011. Слични протести се одржуваат и во десетина други македонски градови, меѓу кои и Битола, Прилеп, Штип и Куманово.

Во Скопје, граѓаните се собраа на крстосницата кај Владата, каде повторно, полицијата со масовно присуство не им дозволи да се приближат до зградата на Илинденска б.б. Извикувајќи „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Доста беше молк“, „Силата на народот“, „Оди си Никола“, „Убијци“, „Полициска држава“, „Народе, разбуди се“граѓаните тргнаа кон Собранието, каде се задржаа кусо време, пред да продолжат кон кампот на средношколците пред Министерството за внатрешни работи. Таму, тие со скандирање „Заедно сме посилни“, искажаа поддршка за средношколскиот протест. Дел од средношколците јавно изразија став дека нема да се приклучат кон ниту една цел, освен образованието и дека секој кој сака да се приклучи на овој протест, тоа го прави како индивидуалец.

По ова, граѓаните-демонстранти тргнаа кон Министерството за внатрешни работи. Таму ги пречека густ кордон на полицијата со штитови, кој не дозволи граѓаните да се приближат до МВР. По ова, демонстрантите се собраа и останаа околу половина час на крстосницата пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски, по што се упатија повторно накај Собранието на Република Македонија.

Претходно, претставници на Студентскиот пленум, кој ги поддржува граѓанските протести, најавија дека вечерва во 23:00 часот ќе го блокираат булеварот „Партизански одреди“ кај библиотеката „Браќа Миладиновци“, во знак на протест против полициската бруталност од пред три дена, кога специјалците упаднаа во читалната, тепајќи ги студентите.

Еве фотографии од денешниот протест:

4-0

4-29

 

 

4-1 4-10 4-11 4-12 4-13 4-14 4-15 4-16 4-17 4-18 4-19 4-2 4-20 4-21 4-22 4-23 4-24 4-25 4-26 4-27 4-3 4-4 4-5 4-6 4-7 4-8 4-9

 

 

 

 

 

 

 

Емилија Петреска