[Галерија] Четири илјади километри на велосипед низ Европа

Стотици велосипедисти се трекаат од Белгија до Грција, без означена мапа, соочувајќи се со екстремни жештини и само неколку часа сон секоја ноќ.

Трансконтиненталната трка е годишна трка низ Европа, финансирана од самите натпреварувачи. Основана е од велосипедистот на долги трки Мајк Хол во 2013. Покрива околу 3.500-4.000 километри, а започнува во Жерардсберген, Белгија.

Овде, велосипедистите се собираат, среќаваат, ја споредуваат опремата и се подготвуваат за долгата трка.

Учесниците можат самите да ја избираат патеката меѓу задолжителните контролни точки. Затоа, оваа трка е тест за ориентирање и планирање, колку што е и предизвик за физичката и менталната истрајност.

Возачите мораат да се справат со тешките климатски услови, лошата инфраструктура и недостигот од место за спиење.