[Галерија] „Cabin Porn“ – најубавите дрвени куќички во една книга

Изградени како засолништа за размислување и оттргнување од надворешниот свет, малите дрвени куќички најчесто се наоѓаат во оддалечените области, скриени во шума и оддалечени од цивилизацијата. Иако тие се скриени од љубопитните очи на јавноста, група пријатели (вклучувајќи го и ко-основачот на Vimeo, Зек Клајн) инспирирани од малите објекти започнаа да работат на проект во кој ги забележуваат дрвените структури и со својата уникатна архитектура низ Америка, но и ширум светот. Тие своите „откритија“ почнуваат да ги документираат на интернет, кога и се роди познатиот сајт „Cabin Porn “.

„Cabin Porn“ во текот на своите шест години постоење, собра повеќе од 350.000 лица кои ги следат објавите на Tumblr, и стана визуелен бастион за архитекти, кампери, но и на сите оние кои сакаат да се оттргнат од цивилизацијата. На него беше објавена колекција од околу 12.000 дизајни на дрвени куќички, а веб страницата си доби и печатено издание каде се поместени најдобрите и најиновативните 200 дизајни.

„Во секој од нас има дом кој е подготвен да биде изграден”, стои на сајтот во појаснувањето за книгата. „Потребни се амбиции и материјали за изградба на куќичката, но наградата е прекрасна: засолниште за себе во тишината, и место кое ќе им понуди топло гостопримство на пријателите.”