[Галерија] Боговите на ѓубрето

Фабрис Монтеиро е фотограф кој патува на најзагадените места во Африка и создава застрашувачки ликови, кои шетаат низ депониите со ѓубришта, онаму каде треба да има само недопрена природа. Тие се духови, вели тој, кои се на мисија да ги натераат луѓето да го спречат уништувањето на планетата.

Информиран за еколошките проблеми на Африка, Фабрис Монтеиро преку своите фотографии сака да стави акцент на итните еколошки проблеми насекаде низ светот. Неговиот серијал, „Пророштвото“ (The Prophecy), вели дека е „приказна на надеж и враќање на моќта“.

„Земјата ги праќа своите духови да им кажат на луѓето дека ја имаат моќта да го спречат и поправат тоа што ѝ го направиле на планетата“, вели тој.

Кога го почнал проектот, дознал кои се најголемите еколошки проблеми на Сенегал и избрал девет теми кои му изгледале визуелно најмоќни.

Надреалните фигури носат костими направени во соработка со дакарскиот дизајнер Дулси, од ѓубре најдено на секоја од локациите.

Ликовите се основани на детска приказна напишана од Монтеиро, а во нив комбинира анимизам, традиционална религија и суперхерои.

Како луѓе ја знаеме важноста на почитувањето и зачувувањето на природата. Но, нашиот бескраен консумеризам нè прави изгубени“, додава фотографот.

„Кој се бори за чиста вода во САД? Домородните Американци. Кој се бори за зачувуање на природните земјишта во Австралија? Абориџините. Дождовната шума во Бразил? Домородците“, заклучува Монтеиро.

1200 (2)

1976

1200 (1)

1200

1971

1973

4167 (1)

4167

//