[Галерија] Битка со илјадници тони домати на фестивал во Австралија

Мелбурн во саботата беше домаќин на фестивалот наречен „Tomato Battle“ кој наликува на познатиот шпански фестивал познат под името „La Tomatina“, пишува Mashable. Повеќе од 5 000 луѓе се упатиле кон тркачката патека во Флемингтон каде се одржала „битката“ со 40 000 тони домати.

Фестивалот има тенденција да прерасне во нешто поголемо како што е познатиот шпански фестивал „La Tomatina“ и германскиот фестивал за пиво „Октоберфест“.

За жал, очилата на натпреварувачите не биле доволни за тие да се заштитат, па две 20-годишни девојки биле префрлени во болница, објави Herald Sun.

„Ние бевме апсолутно разочарани. Ги презедовме сите потребни мерки на претпазливост за добросостојбата на учесниците и ова е прв инцидент кој се случил во кој било од нашите настани”, изјави основачот на фестивалот, Роб Caпгона.

Според Сапгона, доматите кои биле употребени за време на фестивалот биле наменети за депонирање.

„Сите домати искористени на настанот беа означени како рециклирани производи кои ќе биде претворени во компост во рамки на подготовките за следната жетва. Ова е навистина забавен начин да се искористат во меѓувреме“, рече Сапогна.

Борбата „La Tomatina“ била забранета во индиската држава Карнатака во 2011 година по незадоволство на јавноста за трошењето на храната.Сепак, фестивалот продолжува да се слави во Шпанија секоја година, во последната среда од август, а Caпогна планира во блиска иднина да организира втор ваков настан во Сиднеј.