[Галерија] Билбиотекари на коњи разнесувале книги за време на Големата депресија

Библиотекари во 30-тите јавале по планините во Кентаки, нивните седла полни со книги, разнесувајќи материјал за читање на луѓето во изолираните рурални подрачја. Големата депресија ја фрлила нацијата во сиромаштија, а Кентаки, сиромашна држава која станала уште посиромашна од парализираната државна економија, била меѓу најпогодените.

Иницијативата Pack Horse, која ги испраќала библиотекарите низ Апалачите, е еден од најуникатните планови на Новиот договор. Проектот, имплементиран од Администрацијата за работен прогрес, дистрибуирал материјали за читање на луѓето кои живееле во изолираниот дел на источен Кентаки. Државата веќе ги следела своите соседи во однос на струјата и автопатите. За време на Депресијата, храната, образованието и економските можности станале уште понедостапни за овие луѓе.

Им недостасувале и книги: во 1930 година, околу 31 процент од жителите на источен Кентаки не знаеле ни да читаат. Сепак, сакале да научат, забележува историчарот Доналд С. Бојд. Јагленот и железниците, наменети да го индустријализираат овој дел од државата, значеле просперитет за овие луѓе.

„Работниците гледале на ненадејните економски промени како на закана на нивното преживување, а писменоста била начин да се побегне од суровата економска стапица“, пишува Бојд.

Тоа претставувало предизвик: во 1935 година, Кентаки имал само една книга по глава на жител, во споредба со Американската асоцијација на библиотеки, каде стандарно имало пет до десет книги на секој жител, пишува историчарката Џин Канела Шмицер. Тоа било „вознемирувачка слика за условите на библиотеките и потребите во Кентаки“, пишува Лена Нофцир, која во тоа време управувала со библиотекарските услуги на Конгресот на родители и наставници во тоа време.

Планот за достава на книги со коњи барал помош и од локалците. „Библиотеките“ се сместувале во било кој објект или инстутиција кои излегувале во пресрет, од црква до пошта. Библиотекари управувале со нив, давајќи им книги на разнесувачите, кои се качувале на своите коњи и мазги натоварени со книги и ги доставувале по ридовите. Си ја сфатиле својата работа подеднакво сериозно како и поштари, и преминувале реки во зимски услови.

Јавале најмалку два пати во месецот, а секоја патека покривала по 140-200 километри неделно. Книгите и списанијата кои ги разнесувале најчесто доаѓале од надворешни донации. До 1936 година, библиотекарите-коњаници опслужиле 50.000 семејства, а до 1937 и 155 јавни училишта. Децата ја сакале програмата, а многу голем дел од населението и се описменило.