[Галерија] Акција на Студентски пленум на железничката станица во Скопје

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ денеска реализираше уште една акција, овојпат на железничката станица во Скопје. Група од 15-тина студенти симулираа како си заминуваат со воз оставајќи ги индексите зад себе, а воедно и ги повикуваа студентите што беа во возот да не бидат пасивни и да се приклучат на вториот студентски марш закажан во среда (10-ти ноември).

„Овде сме да дадеме до знаење дека поради лошото образование, студентите си одат. Ние преку самиот акт на заминување сакаме да го покажеме токму тоа“, рече една од студентите кои учествуваа во акцијата.

Претходно, „Студентскиот пленум“ реализираше две герила акции во Скопје и една во Прилеп со транспаренти и слогани преку кои го искажуваа незадоволство од најавите за воведувањето на државен испит на државните и приватните факултети во државата.