[Галерија] 10 најдобри концертни сали во светот

Убавите концертни сали, со добар дизајн и одлична акустика се гордост за градовите во кои тие се наоѓаат. Гардијан направи избор на 10 најдобри концертни сали во светот.

Оваа модерна сала била отворена во 1998 година. Се наоѓа веднаш до железничката станица Луцерн и претставува една од најдобрите класични сали каде седиштата можат да прилагодат за постојан оркестар, нема поп концерти и комедии.

Симфониската сала во Бостон е местото каде што науката станала суштински дел од дизајнот на концертните сали. Високата акустика на симфониската сала, во срцето на градот , кај една од главните сообраќајници Авенијата „Масачусец“, уште од 1900 година се смета за едно од најдобрите места за класична музика.

Новите концертни сали се речиси нечујни, што им дозволува на музичарите да ја привлечат публиката со тивките ноти. Дишењето и гестикулацијата на публиката создава посилен звук отколку дугите позадински звуци. Салата е толку добро изолирана што кога бомбата на ИРА во 1996 година ги скршила сите прозорци во центарот на градот, градежните работници кои биле внатре не ја ни почуствувале. Првиот настап се случил во 1996та, а сега има три свои оркестри.

„The Musikverein“ во Виена често се нарекува и најдобрата концертна сала во светот. Салата е дом на Виенската филхармонија, со познати диригенти од минатото како што се Брамс, Брукнер и Малер.

Берлинската филхармонија која била отворена во 1963 година и е карактеристична по својот шатор- изглед, била креирана во согласност со социјалистичките погледи на архитектот Ханс Шароун. Поради кршењето на блоковите за седење, околу една третина од публиката се наоѓа зад оркестарот.

Кратко време пред да се дизајнира акустиката на салата, Харлод Маршал развил теорија дека звукот треба да се рефлектира од ѕидовите и да стигне до ушите на слушателите. Звукот тогаш е суптилен и во двете уши и е потребно подолго време за да стигне подалеку. Неговата теорија резултирала со овој револуционерен дизајн, каде што огромни дрвени панели формираат гигантско дрво над публиката.

Филхармонијата во Париз има едвај една права линија која е забележителна. Ѕидовите и балконите се прилично искосени, а од таванот висат панели кои изгледаат како отсечени гигантски штици. Но овие искривувања се создадени со цел да се постигне визуелна убавина и да се поправи рефлексирачкиот звук до публиката. Како уживање во музиката, посетителите можат да уживаат и го истражуваат музичкото наследство, како место кое од 17 век до денес ја обновува историјата на музиката.

Друг конкурент во листата на најдобрите концертни сали е салата „Сибелуис“која била завршена во 2000 година, а дизајнот и акустиката заработиле многу пофалби. Се наоѓа на пристаништето во Лахти, поранешното идустриско срце на градот, на помалку од еден час со возот од Хелсинки.

Гледајќи надолу од балконот, концертната сала „Токио Опера“ изгледа како конвенционална, правоаголна сала. Гледајќи нагоре пак се забележува огромна искривена пирамида опфатена со сложени дрвени жлебови. Ова можеби изгледа чудно, но се постигнува добра акустика.

Кога во 1990 година било потребно место за Симфонискиот оркестар на Сао Паоло, бил избран еден малку чуден простор – областа за чекање околу железничката станица. Меѓутоа просторот бил соодветен, а највосхитувачки од се е џиновскиот подвижен таван, кој се прилагодува за различни настани во зависност од тоа дали оркестарот свири барокна или романтична музика.