[Галерија] #Протестирам и во Загреб

Група Македонци кои живеат во Загреб, поддржани од Radnička fronta вчера напладне пред Амбасадата на Република Македонија во хрватската престолнина одржаа протести во знак на поддршка на граѓаните на Македонија и иницијативата #Протестирам кои се борат за подобра и поправедна земја.

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

До Амбасадата беше врачено протестно писмо во кое се бара итна оставка на владата на Никола Груевски и одговорност за криминалите, итно формирање на техничка влада и департизација на државниот апарат, првенствено на медиумите и судството и создавање на услови за одржување на фер и демократски избори, како и итно ослободување од вината на граѓанските активисти притворени на 5 мај па наваму.

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

Истовремено се бара и отповикување на амбасадорката Н.Е Даниела Караѓозоска поради деградирање и злоупотреба на службената дипломатска функција во партиски цели.

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

[Галерија] #Протестирам и во Загреб

„Наместо дипломатски претставник на нашата татковина, ние сме застапувани од партиски војник кој после крвавиот инцидент во Куманово сее страв и параноја во центарот на Загреб, нарачувајќи полициско обезбедување и зголемувајќи ги мерките за безбедност на амбасадата, се заканува и шири говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи“, стои во писмото.

Инаку, од протестите вчера преку соопштение се огради Заедницата на Македонци во Хрватска.

Е.Д.

Фото: Борис Радошевич