Франција ќе гради 1000 километри долг соларен пат

Во 2014 година Холандија ја изгради првата соларна велосипедска патека во светот, SolaRoad, долг 70 метри. Концептот имаше поголем успех од тоа што се очекуваше, и за шест месеци патеката генерираше доволно електрична енергија за да напојува мало домаќинство цела година.

Сега, Франција ќе го употреби истиот концепт за поплочување на 1000 километри долг пат со соларни панели во наредните пет години. Проектот го најави францускиот министер за екологија и енергија, Ségolène Royal.

Првите тестирања на патот ќе започнат на пролет. Според француската компанија за инфраструктура Colas, која разви фотоволтаична површина за поплочување на патиштата (наречена Wattway) која ќе се користи во тестирањата, еден километар од патот ќе може да ги напојува уличните светилки за град од 5000 жители.

Тоа значи дека кога проектот ќе биде завршен, новите патишта ќе можат да снабдуваат струја за пет милиони луѓе, или околу 8 посто од француското население.

Извор: Forbes