ФПСМ: Препораки за носење соодветна опрема на планински патеки

Согласно Правилникот за планинарски водичи при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, должности на регистрираните планинарски водичи при ФПСМ се:

– Совесно да ги води планинарските акции во рамките на категоријата за која е обучен;
– Да се грижи за безбедно, стручно и содржајно извршување на водичката дејност;
– Да носи соодветна лична и техничка опрема на планинарските акции;
– Да не води луѓе без соодветна опрема и без соодветна подготовка;

1. Во сезоните пролет, лето, есен се препорачува носење на шлем на следните планинарски патеки во Република Македонија (опционално и цепин и дерези):

– Рибничка скала – Кабаш (2.391 м.), Кораб.
– Златоврв, Манастир Трескавец.
– Последниот сегмент од пристапот кон изворите на реката Бабуна, Јакупица.
– На сите останати означени или неозначени патеки на кои има искачување низ
стрмен карпест терен постои голема опасност од лизгање по големи стрмнини или
опасност од паѓање камења на патеката.

2. Во сезоните пролет, лето и есен при искачување на на следните планинарски патеки се препорачува носење комплет за самообезбедување (појас, шлем и сет за ферати):

– Планинарски дом “Spilios Agapitos” (2.100 м.) – Скала (2.866 м.) – Митикас (2.917 м.), Олимп, Грција.
– Планинарски дом ” Giosos Apostolidis ” (2.760 м.) – Митикас (2.917 м.) Олимп, Грција.
– Планинарски дом ” Giosos Apostolidis ” (2.760 м.) – Стефани (2.909 м.) Олимп, Грција.
– Секција „Коњчето“ меѓу Бањски Суходол (2.883 м.) и Кутело (2.908 м.), Пирин, Бугарија.
– Пристап од север: седло помеѓу Кутело и Вихрен – Вихрен (2.914 м.), Пирин, Бугарија.
– Долина Валбона – врв Маја Језерце (2.694 м.), Проклетије, Албанија.
– Долина Ропојана – врв Маја Језерце (2.694 м.), Проклетије, Црна Гора.
– Долина Гребаја – Северен врв на Каранфили (2.460 м.), Проклетије, Црна Гора.
– Долина Гребаја – врв Очњак (2.185 м.), Проклетије, Црна Гора.
– Седло – врв Боботов Кук (2.522 м.), Дурмитор, Црна Гора.
– Црно Езеро – врв Боботов Кук (2.522 м.), Дурмитор, Црна Гора.
– Штавна – врв Кучки Ком (2.487 м.), Комови, Црна Гора.
– Штавна – врв Љеворечки Ком (2.483 м.), Комови, Црна Гора.
– По планинарските патеки на кои е препорачано носење на опрема низ сите алпски земји: Австрија, ранција, Германија, Италија, Лихтенштај, Монако, Словенија и Швајцарија.
– На сите останати означени или неозначени патеки на кои има искачување низ стрмен карпест предел, постои голема опасност од лизгање по големи стрмнини или опасност од паѓање камења на патеката

3. Во сезоната зима се препорачува носење комплет за самообезбедување (качувачки појас, цепин, дерези, шлем, сет за ферати) и водичко јаже при искачување на сите горенаведени планинарски патеки.