[Фото]Шарена револуција на мостот „Око“: Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни

Активистите од Шарената револуција вечерва со акција од мостот „Око” порачаа дека се ближи крајниот рок за исполнување на нивните барања за потврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и запирање на прогонот кон луѓето што бојат и излегуваат на проести.

„ Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон. Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни!“, порачаа од Шарената револуција.