Фотограф девет години ги сликал истите луѓе на пат кон работа

Сите имаат мали утрински рутини, било на пат кон работа, во кафетеријата, или пак на работното место. За својата нова книга, данскиот фотограф Питер Фанч ги „ловел“ утринските навики на непознати додека се упатувале кон работа, на истото место, секој ден помеѓу 8:30 и 9:30 часот, во последните девет години.

Од 2007 до 2016, Финч се паркирал на аголот од 42ра улица и Вандерблит, веголемиот централен терминал во Њујорк и ја фотографирал толпата која се бранувала во длабочините на станицата. За време на неговиот процес на едитирање, тој започнал да ги бира своите протагонисти, луѓето кој повторно и повторно се навраќал да ги фотографира низ годините.

Финч успеал да ги „фати“ своите ликови како ги прават истите мали ритуали – со денови, недели, па и години. Во книгата, портретите се наредени еден покрај друг. Еден од нив ја пиши својата цигара во истиот момент, друг плука во истата канта за отпадоци во различни денови, други, пак, носат различна облека, но го имаат истиот израз на лице.

Без чудење, прозевањата се најчести.

Една жена изгледа како да се плаши од денот што ја чека, повторно и повторно. Финч забележал дека ги фотографира некои луѓе во исто време секој ден, но се чини дека тие никогаш не се среќавале или пак се забележувале.

„Беше фасцинантно да се види таа поврзаноста меѓу луѓето”, вели тој. „Тие немаа идеја”.

Некои луѓе ја следеле истата рутина речиси 10 години. Финч вели дека фотографирал еден постар човек во 2007, 2012 година, и повторно во 2017 година. „Вие едвај можете да поверувате дека ќе ги најдете истите луѓе што го имаат истиот ритуал во текот на 10 години”, вели Фiнч. „Тоа е типична њујоршка работа, идејата дека луѓето едноставно го прават истото одново и одново.” Во најголем дел, субјектите од неговата книга немаат идеја дека се дел од проектот. Но, еден пријател на Финч кој ја купил книгата, рече дека видел еден од неговите сопствени пријатели документирани во него. „Еден голем град одеднаш е мал свет”, вели Финч.