[Фото] Започна големиот средношколски марш во Скопје

Голем број средношколци се собраат во Градскиот парк на најавениот голем протест поради новиот концепт на државната матура кој се воведува од оваа учебна година.

Како што јавува репортерката на Радио МОФ, дел од учениците се жалат на притисоци за да не излегуваат на маршот. Ученици велат и дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ дури им се заклучувале врати за да останат на училиште, додека во „Јосип Броз Тито“ се правеле списоци на оние кои излегуваат на марш.

Плакати со манипулативна содржина и денеска беа забележани пред повеќе скопски училишта.

На средношколците им се придружија голем број наставици, а поддршка стигна и од Студентскиот пленум,

Друштво на средношколците им прави и кучето Борко кое е присутно и на овој протест.

Рутата на денешниот марш во Скопје е од Градскиот Парк, преку центарот на Скопје се до Министерството за образование.