Фото: Втор протест на штипските средношколци поради задолжителната математика

Незадоволни од тоа што оваа учебна година матурантите задолжително ќе треба да полагаат математика како трет предмет во државна матура, стотина штипски средношколци денеска по вторпат кажаа „Не за математиката на матура“. Со исти барања како и вчерашниот протест, тие побараа од надлежните математиката да биоде изборен, а не задолжителен предмет.

Протестот започна околу пладне, пред гимназијата „Славчо Стојменски“, по што средношколците се упатија кон општината каде извикуваа „Помогнете ни“, повикувајќи ги надлежните од подрачниот Сектор за образование. Сепак, никој од општината не излезе да разговара со нив.

Средношколците потоа продолжија кон средното медицинско училиште, каде им се приклучи уште една група ученици.

Протести против задолжителната математиката на матура деновиве се одржаа во Куманово, Струмица и Скопје.