[Фото] Возен ред на барокните галии во Вардар

Барокните галии на Вардар добија возен ред. Се работи за нова герилска акција, како продолжение во низата вакви акции што се спроведуваат во знак на револт од владините проекти, меѓу кои и „Скопје 2014“.

На шеговитите плакати на кои стои возниот ред за галиите, а кои денеска ги збунија скопјани, потпишано е претпријатието „Јавна пловидба Скопје“ и „Брод сидро“ како подружница на ЈСП на Град Скопје. Освен домашни пловидби, галиите според овој возен ред ќе патуваат до Солун, но и до Пустец и Подградец.

Се уште не е познато кој стои зад ваквите акции. На денешното поставување на возните редови му претходеа неколку акции како пуштањето на пластични ајкули во Вардар, поставување макети на мајмуни на новонасадените палми, но и очи на дрвјата низ Скопје.

Фото: А1он