[Фото] Уништени летниковци на Водно

Летниковци на Водно полека се распаѓаат. Кај дел од нив се скршени оградата и подлогата, а кај останатите се забележува дотраеност. Ова го покажуваат и фотографиите што Фејсбук корисник ги сподели во групата „Ѕид на градежниот срам“.

Летниковците служат за граѓаните да можат да одморат и да „фатат сенка“ по искачувањето на Водно, уживајќи во прекрасната глетка. Но, граѓаните стравуваат дека негрижата на надлежните и вандалското однесување на некои посетители може да доведе до несреќа.