[Фото] Уметност на замрзнатото крајбрежје на Дојранско езеро

Крајбрежниот дел на Дојранското езеро замрзна од екстремните минусни температури. Утрото таму беа регистрирани -12 степени, а максималната температура беше 5 степени, што е прилично студено за јужниот дел од земјава.

Силниот ветер не дозволува целата површина на езерото да биде поклопена со прекривка од мраз, но затоа на брегот мразот создаде прекрасни уметнички форми.

 

Фото: Социјални мрежи