[ФOTO] Твитер анализа на зборовите во кампањата #СегаКажувам

Кои се најупотребуваните зборови во кампањата која ја разбранува македонската јавност, кои се постовите кои наидоа на најголем интерес и добија „екстра“ ретвитови? Стефан Алексиќ за Радио МОФ анализираше 1058 твитови кои до вчера попладне беа објавени на социјалната мрежа под хаштагот #СегаКажувам, откако беше лансирана кампањата пред една седмица.

Во најчесто употребуван зборови покрај очекуваните во кампања каде се споделуваат лични приказни за сексуална злоупотреба или принуда од позиција на моќ, свое место си најдоа и двојазичноста, ракометот, Заев, СДС…

*За детален приказ отворете ја насловната фотографија.

Во продолжение ги објавуваме и петте најсподелуваните твитови под овој хаштаг.