[Фото] Студентите прогласија автономна зона‬ на Техничкиот факултет-Битола

„Прогласена е ‪#‎АвтономнаЗона‬ на Технички факултет Битола! Доаѓајте!“, повикаа попладнево битолските студенти кои го окупираа Техничкиот факултет револтирани поради воведувањето државен испит и носење на измените во Законот за високо образование без дебата и учество на студентите.

Од Студентскиот пленум УКЛО соопштија дека се обезбедени храна и пијалаци за секој студент кој сака да се приклучи во ‪автономната зона.

Студентскиот пленум УКЛО

*Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата на Студентски пленум УКЛО