[Фото] Студентите го окупираат Архитектонскиот факултет

„Поздрав Пленумци,  фронтот е проширен“ – со овој поздрав студентите прогласија автономна зона и го окупираа Архитектонскиот факултет во Скопје.

Окупацијата, како што јавува репортерот на Радио МОФ ја следат голем број полицајци. Студентите носат транспаренти на кои пишува „Ние сме архитекти на нашето образование“, „Како ова ќе се оцени со 5 прашања“, „Слободен универзитет“ и бараат повлекување на измените во Законот за високо образование и државниот испит, како и нивна вклученост во носење на законите.