[Фото] Студенти го блокираат Ректорат, не дозволуваат да се случат избори за ректор

Вработени во Ректорат и ректорот Велимир Стојковски утрово ги дочека блокиран влез од страна на студенти, кои го бојкотираат изборот за нов ректор на УКИМ, закажан за 10 часот.


IMG_20160627_081116

Студентите велат дека се одлучни и нема да заминат се додека нивниот глас не биде слушнат.

Денеска ќе се знае кој ќе победи во трката за нов ректор, помеѓу екс министерот за образование и професор Ненад Новковски и актуелниот декан на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски.

IMG_2016062_081125  На изборот, право на глас имаат десет студентски претставници, за кои Студентски пленум вели дека се нелигитимни.