Фото: Учениците од гимназијата „Јосип Броз – Тито“ ја бојкотираат наставата

Во редакцијата на Радио МОФ пристигна информација дека средношколци од скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ денеска ја бојкотираат наставата.

Како што дознавме, средношколците бојкотираат бидејќи се против полагањето математика како задолжителен предмет на полагање на државна матура и екстерното тестирање. Сепак, како што информираат, оваа акција не е поврзана со Средношколскиот пленум. За ова синоќа реагираше и самиот пленум кој се оградува од ваквите настани.

Радио МОФ се обиде да стапи во контакт со надлежните во гимназијата, но тие не беа достапни за коментар.

Вчера, Средношколскиот пленум го одржа првиот отворен состанок на кој се претставија барањата на средношколците, но и се разговараше за тоа како Пленумот ќе функционира понатаму. Нивните барања, како што велат, ќе ги достават до Министерството за образование и наука.

Бојкот на настава и протести досегаа се одржа во Струмица, Штип и Куманово.