[Фото] „СЈО е уставно“ – Шарена револуција одбројува пред Уставен

Нова герила акција на активистите на Шарена револуција, овој пат пред Уставниот суд. Тие испишаа огромна петка, со цел да потсетат дека остануваат уште пет дена до рокот за исполнување на нивните барања, придружена со пораката „СЈО е уставно“.

Осумнаесетти јуни е рокот кој го поставија за исполнување на нивниот ултиматум, со кој бараат потврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и запирање на прогонот кон луѓето што бојат и излегуваат на проести.