[Фото] Шарената револуција продолжува со блокади по патиштата

Граѓани од Кривопаланечкиот регион денеска во 13 часот го блокираа регионалниот пат како дел од активностите на ‪Шарената револуција и протестите што неколку недели се организираат низ земјава со низа барања како оставка на претседателот Иванов, поништување на аболицијата , но и одложување на изборите од 5 јуни.

Блокада во Крива Паланка

За денеска во 19 часот пак е е најавена и блокада од граѓани во регионот на Облешево.

„‬Бараме да бидат казнети сите што правеле или прикривале криминал за време на избори, сите што манипулирале со избирачкиот список, сите што незаконски издавале лични карти или пасоши; сите што подмитувале или заплашувале гласачи, сите што вршеле притисоци и закани кон државни службеници, сите кои спречувале граѓани да гласаат. Бараме чист избирачки список, кредибилни и слободни избори!“, се вели во најавите за блокадите.

Покрај блокади на патиштата, за денеска е најавен голем протест во Скопје, во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство. Протести на движењето Протестирам и Шарената револуција се најавени и во уште десетина градови низ земјава.