[Фото] Повеќе од две илјади граѓани протестираат поради новите давачки за хонорарите

Повеќе од две илјада граѓани излегоа на најавениот протест против измените на Законот за придонеси со кои треба да се зголемат давачките за хонорари. Извикувајќи „Доста нè крадете“,„Социјална правда“, „Народот го крадете“ тие се движат од Жена парк кон Собрание, по што продолжуваат накај Владата.

Фото: Анте Гулин/ Радио МОФ

 

„Не сме економско робје“,  „Хонорците не се богаташи“, „Даночниот рај за нас е пекол“, „Намалете ги хонорарите за функционерите“ се дел од транспарентите со кои бараат Владата да се откаже од овие измени кои според организаторите на протестот дополнително ќе ја влошат економската состојба на граѓаните.

Граѓаните се собраа во 12 часот во паркот Жена борец (Жена парк),  а според најавената рута тие продолжуваат кон Министерството за труд и социјална работа , за да стигнат до Владата.

10877959_748882648527162_229709965_n

Протестот го поддржа и Студентскиот пленум од каде оценија дека законските измени во услови на големата невработеност и во време кога тешко се доаѓа до работа и хонорар ќе ги докусурат студентите со дополнителни плаќања кон државата.

Според законските измени , од  1 јануари 2015 година треба да се плаќа 35 проценти од хонорарот за придонеси и даноци наместо сегашните 10 отсто. Овие 35 проценти за здравствено, пензиско и за персонален данок ќе ги плаќаат оние кои земаат хонорар од договор на дело или авторски договор над износот на минималната плата од 9.590 денари.

10872295_748882791860481_711605869_n

Наплатата на придонеси од договори на дело и авторски договори не важи за професионални спортисти, функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции, вешти лица, стечајни управници и други.