[Фото] „Паркови и зеленило“ утрово исече чемпрес на улица „Македонија“

Екипа на „Паркови и зеленило“ утрово исече уште едно дрво во Центар.

Станува збор за суво дрво од видот чемпрес кое се наоѓаше пред спомен куќата на Мајка Тереза.

Сечата беше најавена вчера од „Паркови и зеленило“, од каде информираа дека дрвото ќе го сечат вработените од секторот „Дрвореди“.

Инаку, ова беше едно од ретките дрва кои остаа во центарот на градот откако за изградбата на спомен куќата беа исечени повеќе зимзелени дрвја. Сечата продолжи и со изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“, а од неодамна до споменикот на Мајка Тереза е поставен барокен киоск.