[Фото] Нова акција на „шарените“ со порака дека остануваат 4 дена од ултиматумот

„Непочитуван Уставен суд (или како и да те нарекуваат), остануваат уште четири денови до рокот што ти го испорачаа граѓаните кои протестираат со Шарена револуција и Протестирам. Насетуваме дека немате намера да се произнесете и дека со тоа можеби најавувате идно укинување на Специјалното јавно обвинителство. Мисли Уставен суд, размисли и присети се колку гнев има меѓу граѓаните и на што се спремни за да ја одбранат правдата“, порачаа „шарените“ активисти во денешната акција со која потсетуваат дека истекува рокот за исполнување на нивните барања.

Рокот за исполување е 18 јуни, до кога се бара да запре прогонот кон демонстрантите од МВР и судот, како и Уставен да ја признае устравноста на СЈО. За утре е најавен протест во Скопје, а ден потоа и блокади на мостовите низ градот.