[Фото] Нов протест на Шарена револуција: Борбата за правда продолжува

По кратка пауза, граѓаните обединети во неформалните движења Шарена револуција и Протестирам денеска продолжуваат со антивладините протести. Под слоганот “Вистински државници не се закануваат на граѓаните”, демонстрантите и денес се собраа пред Специјалното јавно обвинителство за да му дадат поддршка, од каде се упатуваат кон Собрание.

Граѓаните протестираат бидејќи, како што велат, правдата е под сериозна закана, Уставниот суд е под партиска опсада, а Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните, додека власта сака да преговара тајно и не го слуша мислењето на граѓаните.

Протестите на Шарената револуција траат повеќе од 80 дена. Досега успеаја да ги спречат изборите на 5 јуни и приведените протестанти беа ослободени, но продолжуваат да бараат од Уставниот суд да ја признае уставноста на СЈО и актуелната Влада и Претседател да дадат оставка.