Фото натпревар за промоција на модерниот француски јазик

Францускиот институт во Париз организира фото натпревар од 16 јануари до 15 февруари 2017 поаѓајќи од промотивната кампања за францускиот јазик насловена како „Et en plus, je parle français !” („Освен тоа, зборувам француски!“).

Фотографиите треба да се инспирирани од оваа кампања и да ја прикажат модерната страна на францускиот јазик.

На натпреварот можат да учествуваат сите франкофони и нефранкофони од целиот свет, без разлика на возраста.

Учесникот треба да испрати слика од себеси во оригинален и автентичен амбиент со испечатен плакат со слоганот „Et en plus, je parle français !”.

За учество на натпреварот, потребно е да се испрати фотографијата, со мала реченица која ја објаснува врската со францускиот јазик и која ќе започне со „Avec le français… “ (Со францускиот јазик…) и да се објави на социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Instagram) со следните два хаштага : #EtEnPlusJeParleFrancais и #ЗборувамФранцуски.

При објавување, натпреварувачот треба да назначи град, име и негов дополнителен адут.

Францускиот институт во Париз ќе ги селектира 10-те најдобри фотографии коишто најмногу ќе одговараат на духот на овој натпревар. Од сите 10 селектирани фотографии, ќе бидат доделени две први награди: една од жири комисија и една од публика.

Првите десет фотографии ќе бидат изложени во текот на настанот посветен на францускиот јазик којшто ќе се одржи во Париз за време на Неделата на Францускиот јазик и на Франкофонијата во 2017 година.

Десетте најдобри фотографии од учесниците од Македонија, коишто ќе бидат селектирани од Францускиот институт во Скопје, ќе бидат изложени за време на одбележувањето на Франкфоонијата во Скопје во месец март 2017 година.

Натпреварот го организираат Францускиот институт во Париз со поддршката на ТВ5 Монд.