[Фото] Најголемиот мурал во светот е направен во Норвешка

Во рамки на 15. издание на уличниот фестивал NuArt, кој започна минатата недела во Норвешка, француските уметници Ella & Pitr, создадоа огромен мурал на покривот од зградата на градежната компанија Block Berge Bygg, во општината Клеп.

Делото е насловено „Лилит и Олаф“ и претставува девојка во свиткана положба, со лакирани нокти и мал принц кој паѓа од нејзините рака. Муралот го прикажува норвешкиот крал Олаф I чие место на раѓање е само неколку метри од делото.

За изработка на уметничкото дело, големо 21 илјада метри квадратни била потребна цела армија од волонтери. Стратешки е поставено на патеката за полетување во близина на аеродромот Сола каде може многу јасно да се види од повисоко.

Овие уметници се познати по нивните огромни мурали, насликани во сличен стил, а дел од нив може да се видат овде. Уличниот уметнички фестивал ќе се одвива до 11 октомври оваа година.

Во продолжение, погледнете како изгледа мурало од птичка перспектива: