Фото конкурс „Природата е секси“

Еко- свест објавува фото конкурс на тема „Природата е секси“, во кој може да учествуваат сите фотографии кои ќе покажат дека нашата природа е убава, забавна и уникатна.

Креативните фотографии кои од единствениот биодиверзитет и видови во земјата ќе направат приказна треба да објават на Instagram, Facebook или Twitter со хаштаг #ПриродатаЕСекси #NatureIsSexy , како и да се испратат на elena@ekosvest.com.mk.

Од пристигнатите фотографии десет ќе бидат наградени со пакетчиња од Еко-свест, а сите фотографии ќе бидат изложени на „Природата Е Секси“- неделата на еко-активности во хотел Метропол, Охрид во организација на Еко-свест која ќе се одржи на крајот на јули.

Од Еко- свест информираат и дека ангажирале тим од пет експерти од различни области со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум. Стидијата, посочуваат, треба да даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија и ќе ги разгледа можностите за одржливо урбано планирање на Охрид.