[Фото] Карикатура на пророкот Мухамед на новото издание на „Шарли Ебдо“

Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ на насловната страна повторно го стави пророкот Мухамед.

На насловната страна пишува „Tout est pardonné“ (Сé е простено), а се прикажува карикатура на Мухамед кој држи натпис на кој пишува „Je suis Charlie“ (Јас сум Шарли).

Специјалниот број на францускиот весник кој беше мета на терористички напад во кој загинаа дванаесет луѓе од утре ќе се продава во 25 земји и ќе биде испечатен на 16 различни јазици.

Како што јавуваат светските медиуми, веќе се испечатини еден милион примероци од новото изданието на весникот.