[Фото] Граѓаните маршираа за оставка на Владата и запирање на народниот грабеж

 

Неколку стотици граѓани излегоа на протест под мотото „Стоп за народниот грабеж, бараме оставка!“ и маршираа од кампот пред Владата до Министерството за финансии. Скандирајќи „Оставка, оставка“, тие уште еднаш и порачаа на актуелната владејачка гарнитура, на чело со премиерот Никола Груевски да си заминат од владата.

Веќе единаесет дена голем број граѓани со истото барање остануваат да кампуваат пред владата,во како што го нарекуваат „Кампот на слободата“.

Според денешната програма во кампот, по завршувањето на маршот е најавено обраќање на новинари, политичари и активисти кои ќе дадат свое видување на актуелните проблеми со кои се соочува Македонија под власта на Никола Груевски. Денеска пред присутните ќе говорат Младен Чадиковски, новинар и уредник во неделникот Фокус, политичарот Драган Тевдовски, бизнисменот Борче Чупетревски и професорот Крсте Шајновски.